Делегацијата на Северна Кореја во Женева денеска ги демантираше наводите на „Хјуман рајтс воч” (ХРВ) дека сексуалните злоставувања се толку многу распространета практика во земјата што се „прифатени како дел од нормалниот живот“.
Убиството на новинарот Џамал Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул укажува на фактот со каква леснотија и некзанивост можат да бидат убивани новинари. Последните години на сличен варварски начин беа убиени новинарите Мохамед ал Абси, Мирослава Брич Валдусеа, Хавиер Валдес, Јан Куцијак и Дафне Каруана Галиција.
Следниот специјален пратеник на ОН за Сирија, норвешкиот дипломат Геир Педерсен изјави дека очекува неговата задача да биде тешка, но изрази надеж дека ќе придонесе за прекин на повеќегодишниот конфликт.
Турските и американските сили денеска започнаа заеднички патроли во областа Манбиџ, северна Сирија, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Некои земји од ЕУ разгледуваат приклучување на обновените американски санкции кон Иран, откако беше осуетен атентат на ирански опозициoнер во Данска, а такви случаи претходно имаше и во Албанија и во Франција, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Пет сенатори републиканци синоќа се обратија до прeтседателот Доналд Трамп со барање за прекин на преговорите со Саудиска Арабија за соработка во нуклеарни проекти во мирнодопски цели како одговор на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Полицијата во северниот германски пристанишен град Кил приведе руски државјанин, кој е осомничен дека во Германија прошверцувал околу 12 милиони цигари.
На денешен ден пред 25 години стапи на сила Договорот од Мастрихт, со кој дотогашната Европска заедница беше преименувана во Европска унија и со кој се утврдени конвергенциските критериуми за влез во Економската и монетарната унија и воведување заедничка валута.
Повеќе од еден милион Венецуелци пристигнале во Колумбија во првите девет месеци од 2018 година, а 676.000 заминале за други држави. Тоа го соопштија колумбиските имиграциски власти.
Сите деца на кандидатите за азил, сместени во камп во малата пацифичка островска држава Науру, до крајот на годината ќе бидат преместени во Австралија, јавија локалните медиуми повикувајќи се на владини извори.