Според него, во американското општество во последно време се појавиле непремостливи внатрешни противречности и „конфликт во културата“.
Два руски стратешки бомбардери Ту-160 извршија редовни летови над неутралните води во Баренцово и Норвешко Море, соопшти руското Министерство за одбрана.
Индонезиските спасувачи и пронaоѓачи имаат „силни индиции” дека регистрираниот подводен звук доаѓа од црната кутија на авионот „Лајон Ер”, кој завчера се урна со 189 патници и членови на екипажот, соопштија денеска воените власти.
Осомничениот за масовното убиство изминатиот викенд во синагогата во Питсбург, при што беа убиени 11 лица, е обвинет по 44 точки, наместо по првичните 29, се наведува во обвинението објавено денеска.
Според официјални податоци објавени вчера, САД оваа година обезбедиле 81,5 милијарди долари за граѓанското и военото разузнавање за дома и во странство.
Британскиот министер за Брегзит Доминик Рааб пред британските пратеници изјави дека очекува договор со Европската унија до 21 ноември.
Вредноста на турската лира во однос на американскиот долар денеска се намали за над два проценти, откако Владата во Анкара објави план за намалување на даноците во неколку сектори до крајот на годината.
Кандидатот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за градоначалник на Ерусалим отпадна уште во првиот круг од локалните избори што се одржаа во понеделникот, а двајцата кандидати кои освоија најмногу гласови ќе се соочат во вториот круг на 13 ноември.
Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул не можело да биде извршено без инструкции „од високо ниво“, изјави денеска портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Омер Челик.
Тинејџерот кој денеска загина откако активира експлозивна направа во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Архангелск бил Михаил Злобицки, ученик во локално техничко училиште, соопшти полициски службеник.