На норвешкиот крузер „Викинг скај“ му откажал мотор во водите во близина на западниот брег на Норвешка, по што во тек е акција на спасување на 1.300 лица, соопшти локалната полиција
Смртниот биланс од циклонот кој ги погоди Мозамбик, Зимбабве и Малави се заголеми на најмалку 615 лица, соопшти денеска ОН, повикувајќи се на податоци од националните влади
Бројот на дела мотивирани од омраза кон муслиманите се зголеми за дури 593 отсто во Велика Британија, во седмицата во која 50 лица беа убиени во напад во две џамии на Нов Зеланд, објави „Гардијан“
Казахстан денеска го смени името на главниот град Астана во Нур-Султан во чест на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој минатата недела неочекувано, по 30 години на власт поднесе оставка
Десетици илјадици луѓе маршираат денеска во центарот на Лондон, барајќи нов референдум за Брегзит, додека парламентот бара излез од ќор-сокакот во која западна истапувањето на Велика Британија од ЕУ
Зајакнувањето на безбедносните мерки во Париз за да се избегне ново насилство како минатата сабота за време на демонстрациите на жолтите елеци, резултираше со 4.688 превентивни проверки од страна на полицијата и 51 апсења, додека 29 лица добиле казни до 13 часот и 30 минути
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 8 април ќе отпатува за Москва, што ќе биде негова трета посета на Русија од почетокот на годинава, соопшти денеска Кабинетот на шефот на турската држава
Терористичката организација „Исламска држава“ е поразена и во последниот дел од територијата во Багуз, Сирија
Се претпоставува дека десетици државни службеници се задржани како заложници, откако борци на исламистичката група Ал Шабаб упаднаа во зградата на Министерството за труд и вработување на Сомалија во сомалискиот главен град Могадишу
Американскиот авиоиндустриски гигант „Боинг“ склучи договор со Министерството за одбрана на САД, вреден 4,1 милијарди долари