Американскиот претседател денеска реагираше на вчерашната пресуда на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, нагласувајќи дека никогаш не барал од него да го прекршува законот.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека страните вклучени во конфликтот во Јемен, по еднонеделни преговори, постигнаа договор за примирје во провинцијата Ходеида и за повлекување на војската од спорното пристаниште Ходеида на Црвено Море.
Бројот на мигранти кои од почетокот на годинава пристигнале во Шпанија преку Средоземно Море е двојно зголемен во споредба со истиот период лани, соопшти денеска граничната служба на ЕУ, Фронтекс.
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека во најдобар интерес на Европска унија и на Велика Британија е да постигнат договор за Брегзит.
Членови на семејства на некои од 189-те лица, кои кон крајот на октомври загинаа при пад на авион на индонезиската компанијата „Лајн ер“, протестираа денеска во главниот град на Индонезија, Џакарта, тврдејќи дека властите не вложуваат максимални напори за да се извлечат остатоците од леталото и останките на нивните блиски од морето.
Членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.
Шведска забранува пушење на одредени јавни места на отворен простор, вклучувајќи игралишта и платформи на железничките станици.
Турските власти денеска уапсија три лица, вработени во државната железничка агенција, а кои се сомничат за пропусти кои доведоа до железничката несреќа во Анкара.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му соопшти на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Северноатлантската алијанса овој месец ќе ја снабди украинската армија со опрема за безбедна комуникација.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска потпиша указ со кој се одобрува формирање на Вселенска агенција на Турција, која ќе биде финансирана од државниот буџет.