Во Норвешка денеска почнаа најголемите воени вежби на НАТО од крајот на Студената војна со примена на хипотетичко сценарио за повторно воспоставување на суверенитетот на оваа скандинавска земја после напад од страна на „фиктивен агресор“.
Дроновите кои ја нападнаа руската воздухопловна база Хмејмин во Сирија ги управуваше американскиот воен извиднички авион Посејдон-8, изјави денеска заменик министерот за одбрана на Русија, генерал-потполковник Александар Фомин на Форумот за безбедност во Кина.
Откриени се два нови сомнителни пакети адресирани до претставничката на Демократската партија од Калифорнија во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Максин Вотерс, потврди американското Федерално истражно биро (ФБИ).
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека во Америка нема место за закани со политичко насилство. Тој притоа вети целосна истрага за сомнителните пакети испратени на познати политички личности во САД.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретна со италијанскиот премиер Џузепе Конте со кого се заложија за јакнење на економските врски и покрај санкциите на ЕУ кон Русија поради украинската криза.
Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со саудискиот крал Салман изјавил дека Франција е подготвена, во соработка со партнерите, да воведе „меѓународни санкции“ против одговорните за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Саудискиот принц Мухамед бин Салман синоќа изјави дека случајот со убиениот новинар Џамал Кашоги е „мачен“ и оти „правдата ќе победи“.
Чешкиот претседател Милош Земан ги навреди новинарите со непријатна шега во врска со саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој е убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
Поранешниот командант на американските сили во Европа, генерал полковник Бен Хоџес изјави дека САД би можеле да завојуваат со Кина.
Шефот на одделот за антитероризам во Њујорк, Џон Милер, изјави дека постои основано сомневање дека исто лице испратило експлозивни пакети на Си-Ен-Ен, Џорџ Сорос, Клинтон и Барак Обама.