Кога новата рунда судири на спротиставените милиции изби неодамна во главниот град на Либија некои борци со пушки и ракетни фрлачи излегоа на улица. Други се свртеа кон Фејсбук.
Околу 5.000 луѓе се уште се сметаат за исчезнати по цунами во Индонезија, кое според последните податоци однело 1.763 животи, објавија денеска властите.
Повеќе од 700 пожарникари гаснат шумски пожари што избија на околу 40 км западно од Лисабон, соопшти португалската Агенција за цивилна заштита.
Турција ќе открие детали за исчезнувањето на познатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска владејачката Партија на правдата и развојот.
Проруската партија Хармонија победи на вчерашните избори во Летонија и може да формира влада со популистите, објавија денеска локални медиуми.
Во патнички авион на линија Абу Даби – Амстердам агресивен патник предизвикал тепачка поради што холандските воздухопловни сили испратиле два борбени авиона Ф-16 за да го проседат леталото до амстердамскиот аеродром.
Претседателот на САД, Доналд Трамп му честиташе на Сенатот за потврдата за избор на неговиот кандидат Брет Кавано за судија во Врховниот суд за кој истакна дека ќе биде „брилијантен судија“, а Кавано положи веднаш заклетва по гласањето.
Црква во Калифорнија во близина на границата на САД со Мексико планира на еден рид да изгради статуа на Богородица, висока 12 метра, за да им испрати порака за надеж и добредојде на имигрантите.
Во Бразил денеска се одржуваат општи избори – претседателски, парламентарни и избори за гувернери. Право на глас на изборите на најголемата јужноамериканска економија имаат 147 милиони избирачи.
Најмалку 13 луѓе загинаа во земјотресот во карипската држава Хаити, соопшти портпарол на Владата.