Турската полиција истражува тврдења дека можеби е употребена киселина за да се уништи евентуалното тело на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, со цел да биде прикриено негово наводно убиство, пишува „Хуриет дејли њуз“.
Германската полиција го уапси мажот, кој киднапираше жена на главната железничка станица во Келн.
Германската полиција стапи во конатакт со мажот, кој зеде една жена како заложник на главната железничка станица во Келн.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека големата загуба на гласови на партиите членки на нејзината владина коалиција на вчерашните покраински избори во Баварија, претставува показател оти гласачите ја загубиле довербата во Владата, но вети дека ќе ја поврати загубената доверба.
По „решавањето на состојбата“ во провинцијата Идлиб, следна задача на силите на сириска Влада ќе биде преземање контрола врз источниот брег на реката Еуфрат, изјави денеска министерот за надворешни работи на Сирија, Валид ал Моалем.
Секретарот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант изјави дека и натаму има отворени прашања околу договорот за Брегзит. Сепак, тој оцени дека со добра волја е можно постигнување договор кој ќе ги задоволи сите страни.
Северна и Јужна Кореја денеска постигнаа договор да започнат со повторно воспоставување железнички и патни мрежи меѓу двете земји. Договорот беше постигнат по дискусијата за акциските планови за изградба на меѓукорејски односи на ново, повисоко ниво, се вели во заедничко соопштение објавено од Министерството за обединување на Јужна Кореја.
Саудискиот крал Салман денеска нареди истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги откако турксите власти најавија претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул, каде на 2 октомври влезе Кашоги и потоа му се губи трагата.
Јапонската Влада денеска најави зголемување на ДДВ во идната година со што сака да го намали јавниот долг и покрај преупредувања за можно негативно влијание на тој потег врз економскиот раст.
Советот на министри за надворешни на ЕУ во Луксембург денеска усвои нов режим на санкции за спречување на употребата на хемиско оружје, јави дописничката на МИА од Брисел.