Германската полиција го уапси мажот, кој киднапираше жена на главната железничка станица во Келн.

- Полицајците влегоа во аптеката, каде киднаперот ја држеше, изјави портпаролот на полицијатра Кристоф Шулте.

Киднаперот е повреден, но не се наведуваат детали.

- Осомничениот е под контрола, а жената, кој е ослободена е полесно повредена, објави полицијата на Твитер

Железничката станица во Келн, која е една од најголемите во Германија денеска беше затворена и евакуирана поради заложничката криза, која почна во 12 часот и 45 минути по локално време. Исто така беше блокиран и плоштадот зад станицата.

Се уште не се познати мотивите за киднапирањето на жената.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 16:15