Принцезата Јуџинија, внука на британската кралица Елизабета Втора, денеска во замокот Виндзор ќе го каже судбоносното „Да“ покрај Џек Бруксбенк, со кого е во долгогодишна врска.
Пожар избувна претпладнево во патнички воз, што сообраќал на реалција од Франкфурт кон Келн.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун планира да ги стави надвор од употреба сите нуклеарни оружја, материјали и постројки, со цел да се постигне „целосна“ денуклеаризација, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.
Вашингтон и Анкара постигнаа договор за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е обвинет за тероризам во Турција, во замена за укинување на американските санкции кон Анкара, тврди весникот „Вашингтон Пост“.
Британската премиерка Тереза Меј се соочува со можни нови оставки на министри од нејзината Влада, откако го прифати барањето на Европската Унија да нема временско ограничување во спроведувањето на планот за Брегзит, тврди лондонскиот весник „Дејли Телеграф“.
Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп би можеле да се сретнат на 11 ноември во Париз, доколку и двајцата присуствуваат на прославата по повод стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Северна Кореја се потпира на сопствените сили и затоа може да опстои во услови на меѓународни санкции и во следните сто години, се наведува во редакцискиот коментар во денешниот број на весникот на севернокорејската владејачка Работничка партија на Кореја, „Родонг Синмун“.
По наредба на рускиот претседател Владимир Путин, вчера се одржаа вежби на руските стратешки нуклеарни сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Американското Министерство за одбрана донесе одлука за приземјување на сите ловци „Локид Мартин Ф-35“, поради уривањето на еден борбен авион од овој тип минатиот месец.
Високи претставници на ОН изразија загриженост до Саудиска Арабија поради необјаснетото исчезнување на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.