Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека гласањето на Европскиот парламент за поведување постапка против Унгарија нема да создаде опасност таа држава.
Двајца руски агенти биле уапсени оваа пролет во Холандија поради сомневање за шпионажа на лабораторија во Швајцарија, по што биле екстрадирани, објавија денеска швајцарскиот весник „Тагес анцајгер“ и холандскиот „Ен Ер Це Ханделсблат“, кои направија заедничка истрага за случајот.
Жариштето од ураганот Флоренс денеска пристигна до копното во близина на градот Рајтсвил во сојузната држава Северна Каролина, соопшти Американскиот центар за набљудување на ураганите.
Германското Министерство за транспорт денеска претстави план чија цел е преку измени на дизел возилата да се намали загадувањето на воздухот.
Зголемен е ризикот реонот на Истанбул да биде погоден од силен земјотрес со интензитет од 7,5 до 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој би можел да предизвика цунами во Мраморното Море, предупреди сеизмологот од Центарот за природонаучни истражувања при истанбулскиот Универзитет „Јилдиз“, Шукри Ерсој.
Шеикот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани му подари авион „Боинг 747-8“ на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турција е изложена на „ниски економски удари“, оцени денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во обраќање пред локални лидери на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП).
Турскиот министер за надворешани работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на прекин на огнот во сириската област Идлиб и нуди соработка против терористичките групи во оваа област.
Турските безбедносни сили заплениле над седум тони хашиш, произведен од страна на бунтовичката Курдска работничка партија (ПКК).
Околу 12.000 луѓе се евакуирани на Филипините поради тајфунот Мангхут кој е значително посилен од ураганот Флоренс кој му се заканува на источниот брег на САД.