Околу 12.000 луѓе се евакуирани на Филипините поради тајфунот Мангхут кој е значително посилен од ураганот Флоренс кој му се заканува на источниот брег на САД.

Повеќе од четири милиони луѓе на Филипините се наоѓаат на траекторијата на деструктивниот тајфунски ветар кој го предизвикува супер тајфунот Мангхут. Оваа силна бура може да се спореди со ураган од петта категорија поради ветровите кои дуваат со 285 километри на час.

Земјите од југоисточна Азија издадоа предупредувања и наредија евакуација и поради Манггут, но и поради тајфунот Баријат кој исто така го погоди овој дел на светот.

Според моменталните проценки, оваа бура би можела да се израмни по јачина со супер тајфунот Хаијан во кој во 2013 година загинаа 6.000 луѓе на Филипините.

Најтешкиот бран од бурата ќе ги зафати Хонг Конг и Макау, градови кои моментално се наоѓаат на нејзиниот пат. Според моменталните проекции, Мангхут би можело да биде еден од најсилните тајфуни кои го погодиле овој град во последните шест децении.

Властите предупредија на опасност од поплави, свлечишта и ветрови, и им наредија на луѓето да се засолнат на сигурно.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 18:31