Турскиот министер за надворешани работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на прекин на огнот во сириската област Идлиб и нуди соработка против терористичките групи во оваа област.

Сириската, руската и иранската армија ја напаѓаат областа, која веќе со години е под контрола на бунтовнички групи, меѓу кои има и исламисти.

Турција и западните земји стравуваат дека оваа офанзива ќе доведе до голем број жртви, како и до нов бегалски бран кон Европа.

Чавушоглу најави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган в понеделник во Сочи ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за состојбата во Идлиб.

На претходната средба во Техеран, организирана од иранскиот претседател Хасан Рохани, Турција побара прекин на огнот, но ова барање беше одбиено.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 19:08