Европската унија денеска ги продолжи санкциите за 44 компании и 155 поединци поврзани со Русија, кои се обвинети дека ја поткопуваат независноста на Украина и ги поддржуваат сепаратистичките движења на истокот на оваа земја.
Русија во ЕУ не гледа непријател, туку пред се значаен сосед и партнер, со кого има заедничка енергетска и транспортна инфраструктура. изјави рускиот министер за надворешни работи Срегеј Лавров.
Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој почина на 18 август на 80-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во неговата родна земја Гана.
Полското Министерство за надворешни работи најави дека ќе застане во одбрана на Унгарија, доколку во Европскиот совет се гласа за санкции кон Унгарија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Лидерката на Мјанмар Аун Сан Су Чи денеска изјави дека пресудата од седум години затвор за двајцата новинари на Ројтерс нема ништо заедничко со слободата на говорот и оти тие имат право да поднесат жалба.
Папата Франциско нареди да се спроведе истрага за финансиски малверзации во работењето на познатиот хор на Систинската капела.
Ескалацијата на руско-украинското ривалство во Азовското Море води кон закана од воен судир. Киев најави дека во басенот ќе префрли оклопни артилериски орудија, какви што веќе беа забележани во пристаништето Бердијанск, со цел „заштита на своите пристаништа“.
Чешка планира својата Амбасада во Израел да ја премести од Тел Авив во Ерусалим, по примерот на САД кои тоа го сторија во мај годинава, јави ДПА,
Политиката на САД кон Западен Балкан е фокусирана и посветена на помош на земјите од регионот во остварување на нивните цели за приклучување кон европските и евроатлантските институции, изјави вршителот на должноста американски заменик помошник државен секретар Метју Палмер.
Ураганот Флоренс, кој се доближува до источниот брег на САД, ослабна до ураган од втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон одс пет степени, соопшти Националниот центар за следење на урагани.