Политиката на САД кон Западен Балкан е фокусирана и посветена на помош на земјите од регионот во остварување на нивните цели за приклучување кон европските и евроатлантските институции, изјави вршителот на должноста американски заменик помошник државен секретар Метју Палмер.
- Тоа за сите земји од Западен Балкан на крајот значи членство во ЕУ. За сите балкански земји, освен за Србија, тоа значи и членство во НАТО, истакнува Палмер во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“.
Тој нагласува дека САД се обидуваат да им дадат простор на Белград и Приштина за постигнување на „најдобар можен договор“.
- Она што сакаме да го видиме е сеопфатен, локален договор, кој ќе доведе до напредок. Она што се обидуваме да направиме е да им дадеме простор на двете страни да усогласат најдобар можен договор што можат да го постигнат. Нешто што ќе биде фер, нешто што е трајно, нешто што може да се „продаде“ и во Србија и во Косово, наведува Палмер.
Тој оценува дека српските и косовските лидери треба се да им објаснат на своите народи, со цел да ја добијат неопходната поддршка за таквиот договор.
- Верувам дека ако Приштина и Белград бидат во можност да поситгнат договор за целосна нормализација на одностие, тоа ќе го намали влијанието на Москва врз Србија, истакнува Палмер во интервјуто.