Рускиот претседател Владимир Путин денеска и предложи на Јапонија двете земји да потпишат мировен договор до крајот на годинава, без предуслови.
Припадници на турските антитерористички служби го уапсија австрискиот новинар Макс Цирнгаст, кој повеќе години живее и работи во Турција.
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на местото Кумлуџа во реонот на турскиот медитерански град Анталија.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Безбедноста на американскиот народ е „апсолутно највисок приоритет“, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, додека ураганот Флоренс се доближува до источниот брег на САД.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД нема да можат да постигнат долгорочен успех со својата политика на притисоци и санкции.
Поранешниот телохранител на рускиот претседател Владимир Путин и командант на руската Национална гарда Виктор Золотов го предизвика на дуел лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, и му порача дека од него ќе „направи добар, сочен бифтек“.
Аеродромот „Митига“ во либискиот главен град Триполи е ракетиран ноќеска, при што, според вооружената група која го држи под контрола, немало жртви или материјална штета.
Белата куќа упати предупредување до Иран дека ќе го смета одговорен за напади во Ирак во кои може да бидат повредени американски државјани или службеници, доколку таквите акции бидат извршени од проирански паравоени единици.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш апелираше до сите страни кои се директно и индиректно вклучени во конфликтот во Сирија, посебно Иран, Русија и Турција, да ги заштитат цивилите и да избегнат „крвопролевање“ во последниот голем бастион на бунтовниците, Идлиб.