Белата куќа упати предупредување до Иран дека ќе го смета одговорен за напади во Ирак во кои може да бидат повредени американски државјани или службеници, доколку таквите акции бидат извршени од проирански паравоени единици.

Предупредувањето доаѓа по неколкудневните протести во ирачкиот град Басра, каде што демонстрантите го запалија конзулатот на Иран и ја обвинија оваа земја за мешање во внатрешните прашања на Ирак.

Како одговор, американските дипломати кои работат во Конзулатот на САД во Басра се соочиле со закани од проирански групи, а во саботата кон објектот беше стрелано со ракети.

Инцидентите доаѓаат во време кога во ирачкиот Парламент се води борба за превласт меѓу две коалици - едната проиранска а другата поддржана од САД.

- Иран не стори ништо за да ги спречи нападите што неговите сојузници ги вршат во Ирак, напротив, им дава финансиска поддршка, а им доставува и оружје. САД ќе одговорат брзо и решително за да ги заштитат животите на Американците, пишува во соопштението на Белата куќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2018 17:54