Неколку илјади демонстранти вчера се собрале во молдавскиот главен град Кишињев да бараат обединување на нивната земја со Романија.
За време на својата посета на Киргистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повика раководството на оваа држава што поскоро да се справи со групите поврзани со организаторот на државниот удар од 2016 година Фетула Ѓулен. Ероган го отворил ова прашање на средба со киргистанскиот претседател Соронбај Жеенбеков, предупредувајќи го дека училиштата и бизнисите поврани со Ѓулен се закана за безбедноста на оваа држава.
Силна експлозија, веројатно предизвикана од автомобил бомба, денеска го потресе сомалискиот главен град Могадишу.
Странски пилот и двајца авганистански војници загинале, а уште три лица се повредени при уривањето на хеликоптер кај воената база во авганистанскиот град Мазар и Шариф.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција не мисли од никого да бара дозвола дали смее да го купи рускиот ракетен систем С-400.
Најмалку девет лица биле повредени, а неколку стотици притворени по вчерашните масовни протести на германски националисти и про-имигрантски групи во градот Чемниц на истокот на земјата.
Серија силни експлозии биле регистрирана во близината на воздухопловната база Ал Мезе во сирискиот главен град Дамаск ноќеска. Инцидентот се случува во време кога сириската армија и нејзините руски и ирански сојузници се подготвуваат за офанзива врз бунтовничката област Идлиб, додека западните земји се заканија со акција доколку Сиријците употребат хемиско оружје.
Во германскиот град Чемниц денеска се организираа спротиставени протести на националистички и про-имигрантски организации, при што голем број полицајци беа распоредени да ги држат двете толпи разделени.
Папата Франциско денеска го повика човештвото да се мобилизира за да стави крај на исфрлањето пластика во морињата.
Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска потврди дека нејзиниот напад врз автобус во Јемен, во кој беа убиени 50-ина луѓе, од кои 40 деца, бил неоправдан и вети дека ќе има одговорност за офицерите што го наредиле нападот.