Според генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, се поголема е опасноста од хуманитарна катастрофа во сириската област Идлиб, која е една од последните области под контрола на бунтовнички сили.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупредил на опасноста дека левичарските групи во САД ќе станат насилни доколку победат на претстојните избори за американскиот Конгрес. Трамп изјавата ја дал при средба со евангелски свештеници од САД, по што некои од учесниците на средбата изјавија дека претседателот бил загрижен од опасноста од политичка нестабилност по изборите закажани за ноември.
Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе имаат неформална средба во Виена утре и задутре на која ќе ја разгледуваат состојбата на Балканот, и пред се можноста за проширување на ЕУ кон југоистокот.
НАТО денеска соопшти дека големите воени вежби на Русија и Кина наредниот месец покажуваат дека Москва и натаму е фокусирана на судир од големи размери.
Терористите во Идлиб настојуваат да користат цивилни заложници како жив штит, што е неприфатливо, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
По лажната вест која се ширеше низ Нигерија дека хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ лично го возела автобусот со фудбалерите од репрезентацијата, кои на Светското првенство во Русија го освоија второто место, сега таа е повторно хит во Индија и овојпат благодарение на лажните вести кои молскавично се шират преку социјалните мрежи.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека во претстојниот период приоритет за Турција ќе биде исполнување на реформите потребни за прием во Европската унија, по што земјата ќе очекува да види резултати, вклучително и во нејзиното барање за визна либерализација за турските државјани во ЕУ.
Офанизвата на сирискиот режим во покраината Идлиб во северозападна Сирија може да натера на бегство дури 800.000 цивили, кои веќе живеат во бедни услови, предупреди денеска ОН.
САД денеска поднесоа тужба против Русија во Светската трговска организација, поради руските мерки за воведување давачки на разни американски производи.
Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хаменеи денеска изјави дека Техеран може да го напушти нуклеарниот договор со светските сили по повлекувањето на САД од него доколку тој договор не им служи на иранските интереси.