Рускиот претседател Владимир Путин планира кон крајот на месецов да одржи годишно обраќање пред Федералното собрание.
Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд присуствуваше на конференцијата одржана на факултетот за политички науки во Париз посветена на кризата на социјалдемократијата. Тој ја искористи можноста да го истакне своето мислење за целата француска политичка елита, но и за американскиот претседател Доналд Трамп, јави дописникот на МИА.
Француското национално финансиско обвинителство започна истрага за договор за безбедносни активности, потпишан меѓу фирмата на поранешен функционер на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон и руски олигарх.
Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени кога автобус кој превезувал рудари на работа паднал во бездна во западниот сибирски регион Кемерово, соопшти локалната полиција.
Судот во Антверпен изрече затворски и парични казни против три приватни компании кои извезувале исопропанол во Сирија, хемиска супстанца која се користи за подготовка на нервниот гас сарин, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во германската армија минатата година биле уапсени седум екстремисти, јавија денеска локалните медиуми повикувајќи се на статистички податоци од Воената контраразузнавачка служба (МАД).
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во 2017 година рекол дека ќе употреби „куршум“ врз новинарот Џамал Кашоги ако не престане да го критикува ултраконзервативното кралство, пренесува весникот „Њујорк тајмс“.
Британскиот совет постхумно му се извини на англискиот писател Џорџ Орвел за отфрлање на неговиот есеј „Во одбрана на англиската кујна“ во 1946 година, поради „загриженост дека написот не е соодветен за читателите“.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана за патување во САД за членовите на Националното собрание на Венецуела, кое е под контрола на претседателот Николас Мадуро.
На Нов Зеланд во тек е евакуација на 700 жители од градот Вејкфилд, на Јужниот Остров, поради шумски пожар кој ја погоди областа.