Германските фабрички нарачки во декември се намалија за 1,6 отсто поради слабата побарувачка од странство, покажуваат најновите податоци.
САД се подготвени да ја разгледаат можноста за потпишување договор, кој ќе го замени Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) и тоа со поголем број чинители, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во говорот за состојбата на нацијата.
Евентуалното посредување на Ватикан во Венецуела бара одобрување од две страни, изјави синоќа поглаварот на Римокатоличката црква Франциско и додаде дека примил писмо од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Турската полиција заплени 615 килограми кокаин во операција спроведена во јужната провинција Мерсин, соопшти обвинителството.
САД поддржуваат „диктатори, касапи и екстремисти“ на Блискиот Исток, напиша денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на Твитер, како одговор на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата.
Командантот на американските сили на Блискиот Исток, Џозеф Вотел изјави дека претседателот Доналд Трамп не се консултирал со него за повлекување на војниците од Сирија.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е „непоколеблива“ нејзината посветеност да не додје до примена на таканаречената „тврда граница“ меѓу двете Ирски.
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент побара претпристапните фондови, ИПА 3, да можат да бидат суспендирани ако не се почитува владеењето на правото во земјите кандидатки, јави дописничката на МИА од Брисел.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се обрати во Конгресот со говор за состојбата на американското единство, отчет пред законодавците и пред милиони Американци за одработените политики на власта во годината што изминала.
Севернокорејската нуклеарна и ракетна програма не само што останаа недопрени, туку се шират и тестираат за да се спречат евентуални напади, наведоа експерти на ОН во најновиот извештај.