- Сакаме да додадеме нова динамика во процесот од Минск. Јас сум претпазлив оптимист во поглед на мировната мисија на ОН, изјави Мас во интервјуто за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“.
Иран ќе се спротивстави на притисоците од американските санкции потпирајќи се на својата нафта и другите природни ресурси, изјави денеска потпретседателот на Иран, Ешак Јахангири.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска едногласно е реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП).
Дванаесет членови на Курдската работничка партија ПКК се наутрализирани при воздушни удари на турската армија во југоисточниот дел на Турција и во Северен Ирак, пишува весникот „Милиет“, повикувајќи се на соопштение на турскиот Генералштаб на Твитер.
Светските лидери и истакнати јавни личности изразија залење поради смртта на поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој денеска почина на 80 години.
Во Синалоа, сојузна држава во северно Мексико откриена е лабораторија со околу 50 тони синтетичка дрога позната како „кристал мет“.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска ги разреши премиерот Андреј Кобјаков и тројца министри со образложение дека не биле ефикасни.
Заштитата на палестинските цивили би можела да биде подобрена со распоредување на вооружени сили на Обединети нации или со невооружени набљудувачи, или пак со проширена помош од ОН, се наведува во извештајот на генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш.
Поранешниот генерален секретар на Обединети нации и добитник на Нобелова награда за мир, Кофи Анан, денеска почина на 80 години.
Силните ветрови ги интензивираа пожарите ширум австралиската држава Нов Јужен Велс, а Противпожарната служба го зголеми нивото на опасност за три од вкупно 73 пожари.