Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше медиумите откако американски весници координирано ги осудија неговите напади врз новинари кои ги обвинува дека шират лажни вести.
Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави денеска дека Америка подготвува нови санкции против Турција, доколку свештеникот Ендру Брансон не биде пуштен на слобода.
Министерот за финансии на Турција Берат Албајрак им изјави денеска на меѓународните инвеститори на телеконференцијата дека Турција ќе излезе од „курсните осцилации“ посилна отколку кога било.
Компанијата Констелејшн брендс која е сопственик на пивото Корона, ќе инвестира четири милијарди долари во канадскиот производител на марихуана Канопи.
Најавеното доаѓање на претседателот на Русија Владимир Путин на свадба на шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел наиде на критика на пратеникот од Зелените во Евроспкиот парламент Мишел Рејмон и Украина.
Претседателот на организацијатa за заштита на човекови права Амнести интернешнал, Куми Наиду ја критикуваше администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради назадување во почитувањето на човековите права.
Црна Гора ќе мора да се усогласи со европските строги норми и критериуми при давање државјанство на странски инвеститори, за да спречи безбедносните ризици, што ќе биде проценувано во текот на преговарачкиот процес, порачаа од Европската комисија.
Турската владина Дирекција за управување при катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) предупредува дека до 30 илјади луѓе може да загинат, ако земјотрес со интензитет од 7,5 степени по Рихтер го погоди реонот на Истанбул.
Портпарол на Европската Комисија се огласи по обвинувањата на министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, дека вината за урнатиот мост лежи во стриктните фискални правила на Европската Унија.
Најмалку 80 луѓе загинаа во поплавите што минатата недела ја погодија јужната индиска држава Керала, јави денеска Си-Ен-Ен. Метеоролозите најавуваат дека и следните четири дена ќе врне дожд.