Војната што почна пред повеќе од седум години во Сирија причини штета од околу 400 милијарди долари, соопштија денеска Обединети нации.
Лидерот на турската ултра националистичка Партија на големиот сојуз (ББП), Мустафа Дестиџи, кој е коалициски партнер на Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе предложи враќање на смртната казна во Турција, која беше укината во 2002 година.
Во писмо адресирано до републиканскиот претставник на Орегон, Грег Волден, Епл експлицитно потврди дека нивните уреди не снимаат никаков звук без знаење и дозвола на корисникот, само следат гласовни команди како „Еј, Сири!“
Најмалку четворица новинари денеска се приведени во Белорусија, еден ден по вчерашното апсење на три новинарки од независни медиуми, под обвинение дека користеле материјали од државната новинска агенција БЕЛТА без да бидат претплатници.
Американскиот сенатор од редовите на Републиканската партија, Ранд Пол денеска соопшти дека за време на недоманешната посета на Москва на руските власти им предал писмо од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Моќен тајфун, наречен Шаншан, проследен со силен ветер и поројни дождови, се приближува кон Токио и се закнува да ги погоди реоните североисточно од јапонскиот главен град, каде живеат над 100.000 лица.
Штетите од несреќата во понеделникот на автопатот близу аеродромот кај италијанскиот град Болоња, по која избувна голем пожар во кој загина едно лице, а околу 140 беа повредени, се проценети на 10 милиони евра.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска од Токио ја повика меѓународната заедница да преземе конкретни чекори за нуклеарно разоружување.
Делови од Европа синоќа беа погодени од невреме проследено со град, а во поединечни делови на континентот невремето предизвика поплави.
Во реонот на норвешкиот главен град Осло денеска, 65 ден по ред, е измерена температура од над 25 степени Целзиусови, со што е надминат досегашниот рекорд во времетраење на последователно високи температури од 1947 година.