Двајца постари мажи избега од Дом за стари лица во Германија за да посетат еден од најголемите метал фестивали во светот - „Вакен опен ер“. Откако ги повикале од Домот за стари лица, припадниците на полицијата започнале потрага, која заврши пред главната сцена на фестивалот во три часот по полноќ.
Повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои и голем број на туристи, евакуирани се од островот Ломбок во Индонезија по катастрофалниот земјотрес што го погоди островот.
Барањата за азил бележат мал пад во јуни 2018 во ЕУ, споредено со претходната година, соопшти денеска Европската Канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО). Барањата за азил од Турција се на рекордно ниво.
Три француски градови Париз, Стразбур и Лион, забранија управување автомобили што најмногу го загадуваат воздухот, а таа мерка е воведена поради пораст на нивото на загадување по бранот жештини што ја погоди Европа.
Белата куќа не е наивна кога станува збор за ветувањето на Северна Кореја дека ќе го унипти својот нуклеарен арсенал, но претседателот Доналд Трамп прави се што може да ја убеди таа држава да се откаже од нуклеарното оружје, изјави советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.
Властите во Венецуела уапсија 11 новинари по атентатот врз претседателот Николас Мадуро, соопшти Националниот синдикат на работници во печатот.
Западен Балкан може да стане алтернативна локација за странски директни инвестиции, објави Виенскиот институт за меѓународни истражувања (WIIW) во извештај, наведувајќи дека причините за ова се недоволно искористената работна сила и подобрената инфраструктура.
Хирошима денеска одбележува 73 години од атомското бомбардирање, тажна меморијална служба за жртвите, а јапонските власти повикаа на елиминација на нуклеарното оружје во време кога земјата се надева дека ќе ја деактивира Северна Кореја.
Австриските власти продолжуваат со ригорозна политика кон барателите на азил чии апликации се одбиени - до крајот на јули, 7.067 мигранти биле протерани од Австрија по копно или воздух.
Северкјорејски медиуми ги повикуваат САД да ги укинат санкциите против таа држава, наведувајќи дека Пјонгјанг демонстрирал добра волја со тоа што го запрел тестирањето нуклеарно оружје и ги предал посмртните останки на американски војници убиени во Корејската војна.