Белата куќа не е наивна кога станува збор за ветувањето на Северна Кореја дека ќе го унипти својот нуклеарен арсенал, но претседателот Доналд Трамп прави се што може да ја убеди таа држава да се откаже од нуклеарното оружје, изјави советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.
- Никој во администрацијата на Трамп не е наивен кога зборува за тоа дека Северна Кореја невистина ќе се откаже од нуклеарно оружје, изјави Болтон за Фокс Њуз.
Тој не сакаше да зборува за тоа дали постојат докази дека Северна Кореја почнала со денуклеаризацијата, истакнувајќи дека тоа се доверливи податоци. Тој потенцираше дека сепак САД ќе мора да видат некаков конкретен напредок.
- Во секој случај, Трамп прави се можно за да му долови на режимот во Северна Кореја како животот во таа земја би бил поинаков доколку се откажат од нуклеарно оружје.