Северкјорејски медиуми ги повикуваат САД да ги укинат санкциите против таа држава, наведувајќи дека Пјонгјанг демонстрирал добра волја со тоа што го запрел тестирањето нуклеарно оружје и ги предал посмртните останки на американски војници убиени во Корејската војна.
Медиумите го обвинуваат Вашингтон дека се однесува спротивно на плановите да се унапредат односите меѓу двете држави и покрај добрата волја на Северна Кореја.
-Од Стејт департментот слушаме аргументи дека нема да се намалат санкциите додека не се заврши денуклеаризацијата, пишуваат медиумите. Притисокот и санкциите медиумите ги нарекоа „анахронистички“ и пречка за подобро утре и побараа дополнителни напори и официјално да се прогласи крај на Корејскат војна.