Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да се сретне со иранските лидери без предуслови, а со цел да разговараат за тоа како да ги подобрат односите откако тој ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор.
Труењето на кучето, кое помагаше при спасувањето на преживеаните од земјотесите во Италија, предизвика гнев кај италијанската јавност и барање за построги казни за извршителите на вакви напади.
По одлуката на САД да го намалат обемот на финансирање за Палестинците преку ОН, агенцијата на ОН за помош и работни места за палестински бегалци (УНВРА) ја намали и бројноста вработените во Појасот Газа.
Врховниот суд на Јужноафриканската Република денеска ја укина владината одлука за дипломатски имунитет на поранешната прва дама на Зимбабве, Грејс Мугабе откако беше обвинета за удирање жена со електричен кабел.
Четири лица се повредени откако се урна хеликоптер во главниот град на Кина, Пекинг.
По написите во медиумите дека францускиот претседател, Емануел Макрон, планира да формира паневропско антипопулистичко движење пред следните избори за Европскиот pарламент, се огласи унгарскиот премиер, Виктор Орбан, со своите планови.
Францускиот претседател Емануел Макрон при неговата посета на Португалија го изнесе својот став за идната реорганизација на Европска унија и на Европа, која за десет до 15 години би имала „три круга“.
Еритреја и Сомалија се договорија за обнова на дипломатските односи, соопшти еритрејското Министерство за информации.
Деца мигранти честопати се согласуваат на проституција, со цел да бидат безбедно пренесени преку граница од Италија во Франција, пишува британскиот весник „Гардијан, повикувајќи се на меѓународната организација „Сејв д чилдрен“.
Папата Франциско денеска ја прифати оставката на австралискиот надбискуп Филип Вилсон, осуден поради забошотување на случајот со сексуално злоставување на деца кои помагаат при службата.