Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за Сирија, Иран и Украина, на средбата во Москва, каде што Франција и Хрватска ќе се борат за победа на Светското првенство во фудбал, информираат од кабинетот на Макрон.
Обединетите нации го усвоија првиот Глобален миграциски пакет, кој беше одобрен од претставниците на 192 држави, а само САД имаа поинакво мислење, додека Унгарија е „во улога на кочничар", која веќе најави дека може да се предомислат, пишува „Дојче веле" ".
Официјален претставник на ОН за миграција изјави дека алжирската влада продолжила да ги протерува мигрантите во Сахара, испраќајќи ги во смрт.
Најмалку 6 лица починаа, а над 1 500 се хоспитализирани во Јапонија денес поради силните горештини, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата по невидените поројни дождови и поплави пред неколку дена.
Франција денеска го одбележa Денот на Бастилја со воена парада на Елисејските полиња во Париз, на чело со претседателот Емануел Макрон. На парадата, како почесни гости, учествуваа војници на Јапонија и Сингапур.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини администрацијата на својот претходник Барак Обама за неактивност во врска со тврдењата за руска интервенција во претседателските избори во САД во 2016 година.
Сириските бунтовници денеска почнаа на властите да им го предаваат своето тешко оружје во јужниот град Дара, според договорот од 6 јули за разоружување на демонстрантите, објави официјалната агенција САНА.
Францускиот претседател Емануел Макрон потпиша нов воен буџет пред денешната воена парада која во Париз се одржува по повод националниот празник Данот на падот на Бастилја.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека побарал од германската канцеларка Ангела Меркел спроведување темелна истрага за националистичката илегална група, додавајќи дека пресудата во судењето против неонацистичката терористичка група „не е задоволителна“.
Оваа недела се сеќаваме на руската активистка за човекови права и новинарка во „Новаја газета“ Наталија Естемирова, и новинарот на „Форбс“ Пол Хлебников, американски државјанин, се вели во синоќешното соопштение на американскиот Стејт департмент.