Претседателот на САД, Доналд Трамп побара од турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган да го ослободи американскиот свештеник Ендру Брансон, кој е во притвор во Турција и му се суди за тероризам.
Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Кристофер Реј изјави дека Русија продолжува да поттикнува раздор во САД, преку ширење лажни вести, пропаганда и тајни операции.
Генералниот секретар на Европската комисија, Мартин Селмаер, на амбасадорска средба изјави дека ЕК нема големи очекувања од претстојната средба на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и американскиот претседател Доналд Трамп.
Сите ја сакаат Црна Гора без оглед на тешкотиите на Балканот во изминатите години, изјави гувернерот на американската сојузна држава Мејн, Пол Лепејџ.
Британските истражители веруваат дека откриле осомничени лица, одговорни за нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
- Избрав погрешни зборови и се извинувам поради тоа. Не требаше да ги користам тие термини, изјави синоќа Блок за холандската национална радиотелевизија.
Исламистот Наимур Закарија Рахман призна дека е виновен затоа што планирал да ја нападне и убие британската премиерка Тереза Меј. Рахман (20) планирал да ги нападне чуварите пред резиденцијата на премиерката на улицата Даунинг Стрит 10, а потоа да се обиде да ја ликвидира и Меј.
На вулканот Килауеа на Хаваите вчера беше забележана исклучително силна ерупција, која предизвика голем поток од растопена лава која однесе поголем број куќи во населба во изградба.
Израелскиот Парламент изгласа Закон со кој државата ја прогласи за национален дом на еврејскиот народ. Се работи за главно симболична декларација, која сепак предизвика жестоки расправии и реакции од левичарската опозиција и пратениците од арапската заедница.
Окружниот суд во округот Колумбија нареди Русинката, Марија Бутина (29), обвинета дека е руска агентка, да остане во притвор до судењето.