Со 196 гласа „за“ и 92 „против“, Долниот дом на чешкиот Парламент по 16 часа седница и изгласа доверба на новата левоцентристичка малцинска Влада на Андреј Бабиш.
Претседателот на САД, Доналд Трамп го увери францускиот колега Емануел Макрон, дека „нема јаз“ во односите помеѓу Европа и САД и покрај тензиите на Самитот на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од Елисејската палата.
Во декларацијата од Самитот, потпишана од 29 лидери на земјите членки на НАТО, се искажува целосна поддршка на целта „целосно проверлива и неповратна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.
Лидерите на НАТО ја потенцираа „непоколебливата посветеност“ на договорените цели за издвојување за одбраната и изразија загриженост поради, како што наведуваат, заканите што ги претставува Русија, Иран и Северна Кореја.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара од членките на НАТО да го зголемат трошењето за одбрана од 2 проценти од бруто домашниот производ на 4, колку што сега трошат Соединетите Американски Држави.
Израел ќе ги спречи сите обиди за нарушување на своите граници, било од копно, било од воздух, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска реагираше на критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин е „заробеник“ на Русија, нагласувајќи оти Германците не се заробеници ниту на Москва ниту на Вашингтон.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека раководството врз армијата може да биде доверено на министерот за одбрана, генералот Хулуси Акар.
По утринските остри критики на сметка на Германија, за нејзиното одбивање да троши повеќе за одбрана и за договорот за гасоводот Нордстрим, американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со канцеларката Ангела Меркел за која рече дека била одлична.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне в недела со рускиот колега Владимир Путин за време на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Москва, соопшти денеска Елисејската палата.