Шоко Асахара, лидерот на сектата „Врховната вистина на Аум“ и шестмина негови следбеници денеска се егзекутирани во Јапонија.
Поранешниот директор на телевизијата „Фокс њуз“, Бил Шајн ќе биде дел од админиострацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Ситуацијата со децата заглавени во пештерата на Тајланд е влошена откако за време на операција за спасување, спасувачите волонтери ненамерно впумпале дополнителна количина вода наместо да ја испумпаат.
Најмалку 24 лица загинале, а десетици се повредени во две експлозии вчера во погони за изработка на огномет во мексиканскиот град Тулапек.
По серијата консултации со европските водачи, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека е разочаран од нивните предлози за спасување на нуклеарниот договор со Иран, по американското повлекување.
Директорот на американската Агенција за заштита на животната средина, Скот Пруит поднесе оставка од функцијата.
Партиите во германската владејачка коалиција постигнаа договор во спорот кој се создаде поради притисокот на баварските конзервативци некои мигранти да се враќаат од германско-австриската граница.
Во новинарски редакции ширум САД денеска беше одбележана минута молчење во спомен на петте новинари убиени во нападот врз редакцијата на весникот „Капитал Газет“ во Анаполис.
Стејт департментот на САД ги отфрли денеска тврдењата дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп го олабавила својот став во однос на Северна Кореја, во моменти кога државниот секретар Мајк Помпео отпатува за Пјонгјанг, каде ќе разговара за денуклеаризацијата.
За заострување на законот едногласно гласаа пратениците од владејачката коалиција, на конзервативната Народна партија и крајно десничарската Партија на слободата.