Германското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека веќе подготвува нацрт договори со други членки на Европската унија за враќање на мигранти кои побарале азил во Германија, а претходно побарале азил во некоја друга земја.
Полскиот премиер, Матеуш Моравиецки, на дебата во Европскиот парламент за иднината на Европа и ситуацијата во Полска изјави дека се сомнева во непристрасноста на Европската Комисија (ЕК) во процесот против Варшава за судските промени во земјата.
Делегација од шест американски сенатори и една конгресменка се наоѓат во неколку дневна официјална посета на Москва, кратко пред најавената средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека прашањето за справување со миграцијата кон и во рамките на Европската унија може да го одреди опстанокот на ЕУ.
Синот на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади е убиен во сирискиот град Хомс, во пресметка со сириските безбедносни сили, јавија медиумите блиски до терористичката организација.
Турската армија денеска соопшти дека ликвидирала 11 припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во операции во северен Ирак и во југоисточна Турција.
Најмалку 15 лица загинале во поплавите предизвикани од монсунските дождови што го зафатија источен Пакистан.
Новоизбраниот претседател на Мексико Мануел Лопез Обрадор не побара полициско обезбедување и на средбата со досегашниот претседател Енрике Пена Нието замина во обичен автомобил, со спуштени прозорци, опкружен само од сниматели кои го следеа на мотоцикли.
Доскорешниот премиер на Малезија Наџиб Разак, кој беше обвинет за корупција набргу по изборот на Махатир Мохамед за премиер, се изјасни за невин на вчерашното судско рочиште.
Антивладини демонстранти утрово повторно се собраа пред зградата на полскиот Врховен суд во Варшава, за да изразат поддршка за владеењето на правото и за претседателката на Судот Малгожата Герсдорф.