Австралиски војници развеале нацистичко знаме за време на една од операциите во Авганистан што војската тогаш го оцени како „лоша шега“, а премиерот Малком Турнбул како потег кој е „потполно неприфатлив“.
Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар на таа организација Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името.
Генералното собрание на ОН го осуди Израел поради користење прекумерна сила врз палестински цивили.
Воени претставници на Северна и на Јужна Кореја почнаа преговори за намалување на тензиите по силно обезбедуваната граница.
Турските власти имаат сериозен сомнеж дека наводниот организатор на неуспешниот обид за државен удар во 2016 година се крие во Германија, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
Сингапур заработил 5,3 милиони долари само од престојот на новинарите што известуваа за средбата на врвот меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, објави Стрејт тајмс.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се спротивстави на идејата на нејзиниот австриски колега Себастијан Курц за создавање на „оска“ меѓу Австрија, Германија и Италија за борба против нелегалната миграција.
Група пратеници во норвешкиот Парламент денеска соопштија дека го предложиле американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата нагрда за мир.
Топењето на мразот на Антарктикот алармантно се забрзува, при што во изминативе 15 години се стопиле три илјади милијарди тони мраз, се наведува во извештај на меѓународен тим експерти објавен денеска.
Шпанскиот министер за култура Максим Уерта денеска поднесе оставка на функцијата, на која беше именуван пред недела дена, откако медиуми објавија дека избегнувал плаќање на данок додека работел како телевизиски новинар пред 10 години.