Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос соопшти дека ќе ја затвори канцеларијата во Будимпешта и ќе ја премести во германската престолнина Берлин. Фондацијата изјави дека си заминува поради се порепресивната политичката и правна средина во Унгарија.
Русија, Турција и Иран денеска повикаа на воздржување од секакви активности, кои би можеле да го поткопаат напредокот во мировниот процес за Сирија, постигнат на разговорите во Астана.
Австралија од 1 јули 2019 година ќе забрани плаќање во готовина за износ над 10.000 австралиски долари.
Обвинител од романската Национална дирекција за борба против корупцијата побара пресуда од седум и пол години затвор за лидерот на владејачката Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа, кој е обвинет за поттикнување злоупотреба на службената положба.
Со постојаното зголемување на долгот, САД се блиску до претекнување на Италија, која досега се сметаше за една од најзадолжените земји во светот.
Главното обвинителство во Анкара издаде налози за апсење на 34 лица, меѓу кои и 31 активен офицер од командата на морнарицата, за кои било утврдено дека се поврзани со организацијата на Фетулах Ѓулен (ФЕТО).
Бруто домашниот производ на Романија во текот на првото тримесечие од оваа година забележа раст од четири проценти во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика.
- Тоа беше убав и конструктивен состанок. На вистински пат сме да обезбедиме интересите на другите потписнички, посебно на Иран, да бидат гарантирани, рече Зариф.
Канцеларијата на Обединети нации за човекови права денеска го осуди „ужасното смртоносно насилство“ на израелските безбедносни сили во Појасот Газа во текот на вчерашните протести и побара независна истрага.
Високи европски дипломати брифираат за оптимизмот што владее во ЕУ во пресрет на Самитот во Софија за договор меѓу Скопје и Атина во текот на идниот месец.