Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го пофали американскиот конгресмен од Монтана, кој физички нападна новинар за време на кампањата за изборите за Конгрес во 2017 година.
Француските велосипедисти наскоро ќе мора да ги регистрираат своите велосипеди, бидејќи француски власти сакаат да ја зголемат нивната употреба и да намалат кражби, објавија медиумите.
Сопругата на поранешниот директор на Интерпол Менг Хонгвеј, кој се води за исчезнат повеќе од три недели, изјави дека не е сигурна дали е тој жив откако го уапсија кинеските власти.
„Старбакс" ќе го реструктурира својот бизнис во Европа по неколку години слаба продажба. Компанијата со седиште во Сиетл ќе продаде 83 продавници што ги има во Франција, Холандија, Белгија и Луксембург на својот долгогодишен партнер Алсеи.
Лидерите на над 50 држави од Европа и Азија денеска се собираат во Брисел, за да дискутираат за клучните проблеми во областа на трговијата и безбедноста и да дадат поддршка на меѓународниот поредок, критикуван од американскиот претседател Доналд Трамп.
Во писмо до италијанската влада, еврокомесарот задолжен за Еврото, Валдис Домбровскис и Пјер Московиси, комесарот за финансии изразуваат „сериозна загриженост“ поради новиот буџетски план на Италија.
Мексико соопшти дека ги отфрла обидите за притисок откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги затвори јужните граници на САД за да спречи „бран" мигранти, вклучувајќи го и мигранскиот караван што чека на мексиканската граница и се обидува да стигне до САД.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека екстремисти од ИД почнале со убивање на околу 700 заложници кои неодамна се киднапирани во Сирија.
Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Креди Суис.
Полицијата во Кина уапси поранешен заменик-министер за финансии поради сомневање за корупција, соопшти обвинителството.