Изјавата на Трамп дојде како појаснување на неговата денешна забелешка дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „многу отворен и многу чесен“.
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Иран ќе се соочи со „проблеми поголеми од кога и да е“ доколку повторно ја покрене нуклеарната програма.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот и филантроп Мајкл Блумберг вети дека ќе даде 4,5 милиони долари за климатскиот договор.
Техеран најави дека почнува со вршење девизни трансакции во евра, а не во долари, што е дел од долгогодишните напори на земјата за намалена зависност од американската валута, поради продлабочување на јазот со Вашингтон.
Над 13 милиони Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош од меѓународната заедница, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош и справуавње со кризи, Христос Стилијанидис.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги оцени денешните санкции на САД воведени против компанијата Јунајтед Русал како „одземање на имот“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека во текот на годината се очекуваат 40 милиони посетители во Турција, што би било многу подобар резултат во споредба со 2017 година.
Поради лошите временски услови во Европа, глобалното производство на вино лани паднало на најниско ниво во изминатите 60 години, соопшти денеска Меѓународната организација за вино ОИВ.
Поранешниот претседател на индонезискиот Парламент, Сетја Нованто денеска е осуден на 15 години затвор поради вмешаност во проневера на 170 милиони долари државни пари поврзани со системот за електронски лични карти.
Американскиот производител на уреди за домаќинството Вирлпул постигна договор со јапонскиот Нидек да му ја продаде својата компанија Ембрако во Бразил за 1,08 милијарди долари.