Мнозинството Американци и Европејци смета дека прашањето на бруталниот конфликт во Западен Балкан е решено, но, за жал, тоа е далеку од вистината.
Во новиот извештај на фирмата за безбедност на интернет „Бромиум“ се наведува дека сајбер криминалот навистина се исплати, бидејќи кибер криминалците заработуваат и до два милиони евра годишно.
Поранешниот американски претседател Џими Картер го предупреди актуелниот претседател Доналд Трамп дека треба да избегнува воени акции во Сирија или во другите светски жаришта, со цел по секоја цена да не се случи нуклеарен напад.
Генералниот секретар на Обединети нациии, Антонио Гутереш изјави дека стравува оти ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола.
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека е подготвен да му достави на претседателот план за воена акција за Сирија.
Потенцијалниот конфликт помеѓу Русија и САД во Сирија би можел да го запали Блиски Исток, предупреди денеска тускиот министер за одбрана Нуретин Џаникли.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова коментирајќи го твитот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на трката во вооружување, истакна дека тоа е „одлична идеја“.
Опасноста од воен судир околу Сирија ја намали вредноста на американскиот долар. Индексот во кој доларот се споредува со шесте други најголеми валути покажа пад на доларот од 0,1 процент, а падот во споредба со јапонскиот јен изнесуваше 0,3 проценти.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека американските паметни ракети за кои зборува претседателот на САД, Доналд Трамп би можеле да ги уништат сите докази за употребата на хемиско оружје во Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска и порача на Русија да се подготви за „нови и паметни ракети“ во Сирија.