– Ќе дозволиме ли да се формира турска воена база на нашата северна граница и толку близу до Солун – запрашал Теодоракис, чија партија има шест пратеници во грчкиот парламент и двајца во Европарламентот.
Британската премиерка Тереза Меј непосредно пред почетокот на самитот на шефовите на држави и влади во Брисел порача дека ќе ги предупреди европските партнери, како што ја нарече, на руската агресија во Европа и пошироко.
Големиот синџир продавници за електронска опрема од САД Бест Бај наскоро ќе престане да продава мобилни телефони од кинескиот производител Хуавеи.
Претседателот на Словачка Андреј Киска денеска го назначи Петер Пелегрини за премиер со цел да стави крај на политичката криза, предизвикана од убиството на новинарот Јан Куциак, што доведе до масовни протести и оставка на Роберт Фицо
Советниците за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп му препорачале во текот на вчерашниот телефонски разговор да не му честита на Владимир Путин за победата неделните претседателски избори во Русија.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе се повлече од функцијата поради „умор“, тврдат неименувани извори на приватната руска телевизиска мрежа РТВи со седиште во Њујорк.
Еден од лидерите на каталонските сепаратисти, Жорди Санчез, кој се наоѓа во затвор, ја повлече својата кандидатура за функцијата претседател на Владата на Каталонија, за да овозможи брзо формирање на регионалните власти, соопштија официјални лица на Парламентот во Барселона.
Цената на нафтата на светските берзи се искачи на 67,56 долари за барел брент нафта, што претставува пораст од 0,2 проценти.
Презентирајќи им на новинарите во Овалната соба паноа со податоци и фотографии од воена опрема која САД им ја продале на Саудиска Арабија, Трамп се осврна на влијанието на таа трговија врз американската економија.
На прашањето дали Белата куќа цени дека изборите во Русија биле слободни и фер, портпаролот кусо одговори: „Не сме изненадени од резултатот од изборите“.