Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба за распоредување припадници на Националата гарда на американско-мексиканската граница со цел спречување илегална имиграција, сметајќи дека ситуацијата е на „критична точка“.
Три автобуси со американски дипломати кои се протерани од Русија рано утрото ја напуштија Амбасадата на САД во Москва, јавија локалните медиуми.
НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Русија бара утре да биде одржана отворена седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе бидат разгледани обвинувањата од Лондон дека Русија стои зад обидот за убиство на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка со уптреба на нервен агенс.
Владата на Австрија планира да забрани девојчињата од муслиманска вероисповест да носат марами во градинките и основните училишта, соопшти денеска австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Партија на слободата, Хајнц-Кристијан Штрахе.
Поранешниот висок политичар на Европска унија, Оли Рен изјави дека ќе се кандидира за гувернер на Централната банка на Финска.
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави денеска дека Исламска држава е поразена во Сирија, но и понатаму поседува деструктивен потенцијал и може да на ги напаѓа земјите во светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп е под итрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер, но против него засега не се планира никаква обвинение, објави Вашингтон пост повикувајќи се на неименувани извори.
Шефот на полицијата во калифорнискиот град Сан Бруно прецизира дека бројот на ранети во нападот во седиштето на ЈуТјуб е тројца.
Полицијата во северна Калифорнија соопшти реагира на пријава за инцидент со вооружен напаѓач во седиштето на компанијата Јутјуб. Засега нема информации за мртви или повредени.