Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека се надева оти арапските земји, вклучени во дипломатскиот судир со Катар, наскоро на Доха ќе и ја достават листата на „разумни и изводливи“ барања, со цел кризата „да напредува кон резолуција“.
Републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот на САД го блокираа предлог законот за воведување на економски санкции кон Иран и Русија и го обвинија Сенатот дека создал процедурални пречки.
Европската безбедност, проблемот со миграцијата и климатските промени. ќе бидат едни од главните теми за кои ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на ЕУ на нивната дводневна средба, што денеска почнува во Брисел.
Тоа не го велам затоа што на Балканот гледам како на проблематичен регион, туку затоа што сметам дека тоа е подрачје со најголем потенцијал, потенцира Могерини.
Саудискиот крал Салман го прогласи неговиот син, принцот Мохамед бин Салман за наследник на престолот, на местото на досегашниот престолонаследник, неговиот роднина, принцот Мохамед бин Најеф.
Федералната полиција на Бразил соопшти дека открила факти кои сведочат дека бразилскиот претседател Мишел Темер земал мито со цел да им помага на бизнисите.
Владина криза во Франција пред составувањето на новата влада на премиерот Едуар Филип, кој требаше да го соопшти составот попладнето, јави дописникот на МИА од Париз.
Во период од два дена американски хеликоптери и британски авиони учествуваа во вежбите, во кои беа вклучени војници од Полска, Литванија и Хрватска, симулирајќи заштита од потенцијална опасност.
Речиси една година по референдумот во Велика Британија за излез од Европската унија, денеска Брисел и Лондон ги почнуваат преговорите за истапување на земјата од Унијата.
Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката напред (РЕМ) по вчерашниот втор круг на парламентраните избори во Франција освои 308 пратенички места.