Владина криза во Франција пред составувањето на новата влада на премиерот Едуар Филип, кој требаше да го соопшти составот попладнето, јави дописникот на МИА од Париз.

По повлекувањето на министерот Ришар Феран, посоветуван од претседателот Макорн да се врати во Парламентот како одговорен за големата група на Републиката напред, со објаснување дека ќе има задача да ги предводи младите и неискусни пратеници. Но, неговото излегување од владата повеќе личи на казна на овај верен макорнист, откако неговото име се најде во афера за недвижности, непосредно пред парламентарните избори.

Друга неочекувана одлука е таа на министерката на Армијата, Силви Гулар која побара да не биде член на новата влада. Таа сака да покаже дека била „чесна“ и не направила злоупотреба во една друга афера во која се споменуваат имињата на повеќе европратеници од МоДем, од кои некои се и министри, а фиктивно вработување на парламентарни асистенти, платени од ЕП, но кои работеа за партијата.

По нејзиното повлекување, медиумскиот и политичкиот притисок падна врз другите два министри во владата и членови на МоДем, министерот за правда Франсоа Бајру и министерката за европски прашања Мариел де Санчез. Причината се обвинувањата за фиктивни вработувања на парламентарни асистенти како европратеници, но наместо да работат како асистенти, тие биле задолжени за мисии посветени на партијата МоДем.

Четворицата ефемерни министри се првите жртви на морализацијата на француската политика, за која се залага претседателот Макрон.

Со нивното повлекување во моментов во владата на Филип, нема повеќе центристи, што сигурно ќе доведе до одолговлекување на објавувањето на составот на новата влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2017 12:53