Федералната полиција на Бразил соопшти дека открила факти кои сведочат дека бразилскиот претседател Мишел Темер земал мито со цел да им помага на бизнисите.
Бразилските инспектори објавија прелиминарен извештај на Врховниот суд на Бразил, каде стои дека Темер е изложен на истрага за корупција.
Бразилскиот претседател ги отфрли обвиненијата, наведувајќи дека нема да поднесе остаква.
Главниот обвинител Родриго Женот, минатиот месец посочи дека има доволно првични податоци за престапите на Темер, со што може да биде спроведена истрага против него.
Доколку биде одобрена препораката на федералната полиција, бразилскиот Конгрес ќе одлучува дали Темер ќе биде сослушан од Врховниот суд, кој единствено има право да извршува истрага на претседатели.