Актуелниот ирански претседател Хасан Рохани победи на вчерашните претседателски избори во Иран, соопшти препладнево Министерството за внатрешни работи во Техеран.
Директорот на шведското јавно обвинителство одлучи да се откаже од истрагата за случаите за наводно силување за кое беше осомничен директорот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, јавува „Би-би-си“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска при собирот на бизнис лидерите во Истанбул наведе дека Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на Европската унија.
Високиот официјален претставник на американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји предупреди дека Русија ги продлабочува напорите за да изврши „малигно влијание“ на Балканот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката да се именува специјален советник им нанесуваат „страшно голема штета на интересите на САД“.
Австрискиот Парламент доцна синоќа усвои закон со кој се забранува носење во јавноста на облека која целосно го покрива лицето, како што се бурките.
Републиканскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека најновата афера со претседателот на САД, Доналд Трамп достигнала размерите на скандалот Вотергејт.
Раководството на Австриската народна партија (ОВП), помалиот партнер во коалциската Влада во Виена, синоќа го избра министерот за надворешни работи Себастијан Курц за нов партиски лидер.
Шпанските власти, во соработка со еквадорската полиција, пресретнаа брод во кој биле пронајдени и запленети повеќе од 5,5 тони кокаин
Британските лабуристи предлагаат воведување специјален данок на финансиски трансакции, популарно наречен „Робин Худ данок“, што би се однесувал за финансиските и банкарските компании кои работат во лондонскиот Сити.