Под мотото „Фитнес за фудбал“ едукативниот центар на УЕФА организираше четири дневен семинар во центарот „Конверциано“ во Фиренца, Италија каде што присутни беа и преставници од ФФМ, а меѓу нив и актуелниот кондиционен тренер на ФК „Влазерими“, Бехар Укали кој е прв кичевчанец кој што се стекнал со сертификатот наречен „Фитнес за фудбал“.
Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ја прокоментира состојбата на Кевин Дурант, кој ја напушти предвремено теренот при поразот синоќа од Финикс.
Даночните власти во Шпанија го истражуваат Нејмар за наводно затајување на даноци од приходите во последните месеци во Барселона, информира „Ел Мундо“.
Марио Балотели подобри рекорд стар 45 години, откако го постигна победничкиот гол за Олимпик Марсилија во успехот од 1:0 над својот поранешен тим Ница.
Фудбалот во Велика Британија се соочи со нови проблеми со навивачите во изминатиот круг. На неколку стадиони на Островот имаше проблеми со навивачи кои упаднаа на теренот и на тој начин ги доведоа во опасност играчите. Најтешко настрада фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш во градското дерби со Бирмингем.
Актуелниот шампион на НБА, Голден Стејт претрпе изненадувачки пораз од Феникс Санс со 111:115 дома во Оукленд. „Воините“ ја освоија првата четвртина со предност од 13 поени, но „сонцата“ го добија следниот дел со 40:28.
Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо верува дека неговиот тим ќе може да го елиминира Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите, независно од негативата по првата средба од осминафиналето.
Шпанецот Рафаел Надал забележа лесна победа на стартот на турнирот во Индијан Велс од сериите „Мастерс“, откако запиша триумф над Американецот Џаред Доналдсон со 6:1, 6:1.
Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по синоќешниот пораз од Нексе во СЕХА лигата, изјави дека тимот одиграл добро и тој е помалку или повеќе, среќен со презентацијата на играчите.
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез можеби кажа повеќе отколку што требаше по победата со 4:1 над Ваљадолид во Ла Лига синоќа. Шпанецот изјави дека во моментов односите меѓу играчите и тренерот Сантијаго Солари се „комплицирани“, бидејќи тимот не ги постигнува потребните резултати.