Третиот дрес на Рома кој е инспириран од дресот на волчицата од сезоната 1990/91, наиде на воодушевување кај Италијанците.
Италијанските медиуми пишуваат дека станува збор за еден од најдобрите ретро изданија на дресови досега.
Римјаните само еднаш играле во дресот со плаво-жолта комбинација, но овој традиционален дрес секогаш бил омилен меѓу навивачите на Рома.
Инаку, ова е уште едно класично издание на Најки, кој одамна ја облекува екипата на Рома.