Екипата на Денвер Нагетс во драматичен меч ноќеска успеа да го порази актуелниот НБА шампион Голден Стејт со 100:98.
Американскиот тенисер Џон Изнер ја поздрави одлуката на менаџментот на Грен слем турнирот Вимблдон, да се воведе тај-брејк во петтиот сет при резултат 12:12.
Со голот на Мауро Икарди постигнат во втората минута од судиското надополнување, Интер го совлада градскито ривал Милан со 1:0.
Еден од помошниците на Маурицио Сари во Челзи стана причина за гневниот испад на Жозе Мурињо на крајот на изминатото дерби меѓу тимот од Лондон и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
Стефанос Циципас ја освои првата АТП титула во својата кариера, по триумфот на турнирот во Стокхолм во Шведска со награден фонд од 612.755 евра.
Францускиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал потврди дека неговиот однос со менаџерот Жозе Мурињо е на ниво тренер-играч. Крилото на „црвените ѓаволи“ потврди дека ова е соодветно и нормално, и во исто време нема проблем меѓу нив.
Тимовите на Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи продолжуваат без пораз од почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс изјави дека не е разочаран од двата порази на тимот на почетокот на сезоната во НБА. Според него, тешкотиите во првите натпревари се нормални, бидејќи е потребно време за да се воиграат играчите на тимот. Лејкерс доживеа пораз од Портланд и Хјустон во првите две средби од новата сезона.
Репрезентативките на Србија постигнаа историски успех на Светското првенство во Јапонија откако ја освоија својата прва титула. Трофејот го освоија по победата над Италија со 3:2 во сетови во големото финале, одиграно во Јокохама.
Фаворитот за наследник на Хулен Лопетеги во Реал Мадрид, Антонио Конте, преговарал со раководството на „белите“ од 2 октомври.