Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз, може да се врати во француското првенство. Како што објавија тамошните медиуми, Монако е сериозно заинтересиран за 31-годишниот Бразилец, чиј договор со „сините“ завршува на крајот на сезоната.
Актуелниот НБА шампион Голден Стејт го доби дебито на Западната конференција против Денвер и се искачи на првото место на табелата. За „воините“ ова беше 30.тирумф до кој стигнаа со постигнати рекордни 51 поен во првата четвртина што досега не му успеало на ниту еден друг клуб во најсилната кошаркарска лига на светот.
Екипата на Фулам, која се бори за преживување во Премиер лигата, го привлече холандскиот напаѓач Рајан Бабел со договор до крајот на сезоната.
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри изјави дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер во светот, како и дека дуелот со Милан за Суперкупот ќе биде подготовка за елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Двата тима ќе се соочат еден против друг во Џеда, во среда од 18,30 часот по македонско време.
Двајца играчи на Фулам, Абубакар Камара и Александар Митровиќ се степале за време на сесија по јога, соопштуваат медиумите на Островот. Инцидентот се случил минатата недела.
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн доби ужасна вест денеска попладне. Тој ќе биде аут од терените до средината на март поради тешка повреда на глуждот, добиена за време на мечот против Манчестер Јунајтед (0:1) на „Вембли“ во текот на викендот.
Манчестер Сити го купи јапонскиот дефанзивец Ко Итакура и го пушти на изнајмување на холандски Гронинген, објавија од клубот.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас е возбуден од можноста Жозе Мурињо да се врати во Шпанија на чело на некој локален тим.
Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин може да го пропушти утрешното финале за Суперкупот на Италија, кое ќе се игра во Џеда, соопшти „Скај Спорт Италија“.
Турското обвинителство започна процедура за да го стават кошаркарот на Њујорк Никс, Енес Кантер на „црвена потерница“ на Интерпол.