Веста од Формула 1, која се очекуваше и која сите знаеја, веќе е факт: Шарл Леклер го менува ветеранот Кими Раиконен во Ферари. Ова беше објавено од страна на „Скудерија“ откако прецизираа дека Финецот заминува по крајот на сезоната.
Поранешниот француски тенисер Јаник Ноа, на крајот на година ќе ја напушти селекторската функција на „триколорите“ кога ќе истече неговиот трет мандат.
Карел Јаролим поднесе оставка од селекторската позиција во чешката фудбалска репрезентација по поразот од Русија со 5:1 во пријателскиот дуел одигран вчеравечер во Ростов.
Градот Охрид од 14-16 септември ќе биде домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон 2018. Македонската триатлон федерација која заедно со локалниот организатор Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид се целосно подготвени за претстојниот настан. Тоа се должи благодарение на поддршката од Агенција за млади и спорт, општина Охрид и Македонски Олимписки комитет.
Раководствата на Ла Лига и на клубовите Жирона и Барселона побараа дозвола од Фудбалската федерација на шпанија да одиграат првенствен натпревар во САД.
Македонската кошаркарска федерација денеска ги исплати ветените премии на членовите на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција која го освои првото место во групата во рамки на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021, соопшти МКФ.
Градот Кичево е домаќин на меѓународен ракометен турнир „Кичево куп 18" за млади категории на кој учествуваат екипи од Македонија и Полска.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да воведе ново клупско натпреварување почнувајќи од 2021 година.
Во отсуство на Хари Кејн, капитенската лента во англиската фудбалска репрезентација на вечерашниот пријателски дуел со Швајцарија ќе ја носи Ерик Дајер.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува дека неговиот тим е речиси на исто ниво со Реал. Според него, тимовите се израмнети откако Кристијано Роналдо го напушти Реал.