Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди 40 милиони фунти за дефанзивецот на Лестер Сити, Хари Мегваер, пишува „ЕСПН“. Според објавата, оваа сума е конечна за „црвените ѓаволи“.

Лестер, сепак, продолжува да инсистира да добие најмалку 80 милиони за англискиот репрезентативец. Ако Јунајтед се согласи под овие услови, тогаш Мегваер може да стане најскап дефанзивец во светот.

Во моментов, оваа титула му припаѓа на Вирџил ван Дијк, кого Ливерпул го купи од Саутемптон за 75 милиони фунти.

Минатата сезона Мегваер учествуваше на 32 натпревари на сите турнири и постигна три гола. Потсетуваме дека вчера британски „Сан“ објави дека Јунајтед планира да го искористи Бразилецот Андреас Переира како дел од договорот за обид да го привлече Мегваер.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2019 09:43