Атлетико на реванш натпреварот во Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 и со вкупни 2:1 обезбеди пласман во борбата за трофејот.
МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 80:76 во претпоследното, деветто коло од Супер лигата. За тимот од Аеродром ова е прва прволигашка победа над вечниот ривал сезонава.
Пласманот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, откако ја совлада Рома со вкупен резултат од 7:6 во два натпревара, е причина за среќата не само за навивачите на клубот, туку и за ѕвездата на НБА - Леброн Џејмс.
Поранешниот репрезентативец на Англија, Френк Лампард е подготвен да ја преземе улогата на менаџер, но ја чека вистинската можност.
Екипата на европскиот ракометен шампион Вардар за вториот настап на „Фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампиони обезбеди блок билети за македонските навивачи.
Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане смета дека Ливерпул може да го победи Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампионите, иако тимот на Зинедин Зидан е „еден од најдобрите во светот“.
Точно е дека имав проблеми со Нејмар. Му реков дека јас најмногу сакам да освојувам трофеи, но под услов дека прво ги поставувам целите и интересите на тимот. На крајот клубските шефови ја донесоа својата одлука и јас го почитувам тоа, прокоментира напаѓачот.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер пред реванш дуелот во полуфиналето на Лига Европа против Атлетико Мадрид, изјави дека на тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне му требаат уште 16 години за да биде како него.
Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал изјави дека ја почитува одлуката на Рожер Федерер да не игра на турнирите кои се на земјена подлога.
Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста успеал да издејствува интересна клаузула во договорот со кинескиот клуб Чонгкинг Лифан, кој речиси сигурно ќе биде негова следна дестинација.